Конте до Пандев: Не се откажувај, имаш уште толку многу да му дадеш на фудбалот!

Уште 25 настапи му недостасуваат на Горан Пандев да биде во клубот „500“/Фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Горан Пандев, членот на Џенова, стигна до јубилејните 100 гола вчера на дуелот од Серија А против Беневенто…

Македонскиот репрезентативец и на 37 години продолжува да ги тресе противничките мрежи во најсилното италијанско првенство. Нашиот играч за „Скај Спорт“ изјави дека е среќен и не очекувал да постигне толку многу погодоци.

– Среќен што стигнав до 100 голови во дресот на најстариот клуб на светот. Дали ќе играм и наредната година? Ќе видиме, ќе зборувам со претседателот на клубот, физички се чувствувам добро. Се надевам со репрезентацијата ќе имаме добар настап на Европското првенство, а потоа размислувам да се повлечам – рече Пандев.

Заедно во живо на „Скај Спорт“ се приклучи и Антонио Конте, кој е моментно тренер на Интер и со чија екипа е најблиску да го освои Скудетото.

Пандев, како екс играч на „неро-аѕурите“ се надева дека ова е добра година за Интер да ја освои титулата, а еве како му одговори Конте:

– Не се откажувај, имаш уште толку многу да му дадеш на фудбалот. Знам дека е тешко. Но, сè додека сакаш да тренираш со радост, правилно е да продолжиш – вели Конте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот