Конте бесен на управата: Марота нека каже нешто

twitter/inter

Интер загуби со 3:2 на гостувањето во Дортмунд кај Борусија иако на полувремето водеше со 0:2. Со поразот од Борусија, Интер падна на третото место во групата Ф, со три бода помалку од Барселона и германскиот тим и му претстои тешка битка за обезбедување пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите. Сево ова му да даде дополнителна причина на Конте да упати критики кон управата на неговиот тим.

– Што да кажам?Разочарување! Ми зборуваат дека на телeвизија треба да бидам повеќе насмеан, требало постојано да зборувам исти работи, за процесот на созревање и растење и да одиме чекор по чекор. Можеби доколку постојано ми поставувате исти прашања, тогаш би имал идентични одговори. Имаме премногу алиби приказни и не сакам да создавам нови. Се надевам дека овој натпревар ќе им ја покаже реалната состојба на оние кои треба да ја разберат. Момците даваат 100 проценти од можностите и морам да бидам задоволен со тоа со тоа што го покажуваат на теренот, повеќе од ова не можат. Ми се смачи повторно да повторувам исти работи и се надевам дека директорот (Бепе Марота) ќе дојде и ќе го каже тоа наместо мене – изјави бесниот Конте.

Тренерот на Интер не е задоволен со актуелниот играчки кадар, тој и во летниот преоден рок бараше уште засилувања за да ја зголеми конкуренцијата.

– Баш ми е гајле за јануари или февруари, моравме многу подобро да ја испланираме сезоната. Докажавме дека можеме со секого да се надигруваме, но овие фудбалери играат постојано. Не можеме да играме во Серија А и во Лигата на шампионите само со овие играчи, потребни ни се засилувања. Ми се смачи да зборувам за ова, и второто полувреме е најдобар доказ за тоа што го зборувам. Не е до клубот, мора сите да работиме заедно бидејќи веќе големи грешки се направени – додаде Антонио Конте кој на крајот имаше уште една порака до управата.
– Е*ено сум бесен. Не можеме повеќе од ова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот