Контактите на децата со родителите да се одржуваат во договор меѓу двајцата родители

Министерството за труд и социјална политика (МТСП), во врска со начинот на одржување на контактите на децата со родителите со кои не живеат, во услови на пандемија од корона вирусот, потсетува дека согласно со Законот за семејството, родителското право го вршат родителите заедно, во согласност со потребите и интересите на децата и интересите на општествената заедница, информираат од МТСП.

– Во услови на пандемија на корона вирусот, кога е доведено во прашање здравјето и животот на луѓето, родителите имаат обврска да се грижат за заштита на здравјето на децата и да го прилагодат движењето на децата согласно препораките на Владата за постапување во услови на вонредна состојба и воведен полициски час. Во овие услови потребно e родителите да се договорат за начинот на одржување на контактите на децата со родителот со кого не живеат, а притоа децата да не бидат изложени на опасностите кои со себе ги носи оваа пандемија, соопштија од МТСП

Во оваа насока од таму информираат дека центрите за социјална работа како надлежни органи се отворени и се на располагање на родителите за обезбедување на неопходната стручна и советодавна поддршка при договарање на начинот на одржување на односите меѓу родителите и децата.

Согласно со Законот за семејството двајцата родители се должни совесно и одговорно да ги извршуваат родителските права и обврски и да се грижат за заштита на здравјето на децата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот