Конкурсот за попишувачи и инструктори отворен до 5 август

Попис / фото: МИА

 Државниот завод за статистика објави Конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори кои ќе го спроведат теренското попишување на целата територија на државата, кој ќе биде отворен до 5 август.

Од Државниот завод за статистика информираат дека интензивно се подготвуваат за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, што ќе се спроведе од 5 до 30 септември годинава.

– Оваа статистичка операција претставува извонредна можност за сите невработени да станат дел од огромниот тим кој ќе ја спроведе најмасовната статистичка операција во државата која е од непроценливо значење за секој еден од нас. Затоа, ги повикуваме сите оние кои ги исполнуваат условите, да се пријават на конкурсот и да дадат свој придонес во реализацијата на оваа долгоочекувана статистичка операција, посочуваат од ДЗС.

Пријавувањето на конкурсот се врши електронски преку апликацијата достапна на www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk и трае до 5 август

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот