Конкурс за новинарски текст на тема „Мостовите на Скопје“

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје по повод Денот на ослободувањето на Скопје, а во рамките на мултимедијалната манифестација „Денови на европско Скопје“, која ќе се одржи во соработка со Градот Скопје и со Канцеларијата на Европската Унија во РСМ, распиша Конкурс за новинарски текст на тема „Мостовите на Скопје“.

Општа насока на конкурсот е дека авторските новинарски текстови треба да содржат проблемски, рефлексивни и визионерски аспекти за Градот и да ја афирмираат определбата за европско Скопје, без дневнополитички конотации. Пристигнатите творби ќе конкурираат за три непарични награди.

На конкурсот своите есеи можат да ги пријават новинари на медиумите (пред сѐ) од Скопје (но и новинари од медиумите во другите места на Република Северна Македонија) кои се ангажирани во новинарството, било во работен однос, по договор на дело или новинари што имаат хонорарен ангажман во електронските, во печатените, во радио-дифузните (ТВ-канали, радиостаници) и во интернет-медиумите (портали и блогови).

Текстовите треба да се испратат на имејл-адресата [email protected] најдоцна до 31.10.2020 година. За резултатите од конкурсот учесниците ќе бидат известени веднаш по донесувањето на одлуката на Комисијата на овој конкурс, пред свеченото врачување на трите наградени трудови.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 52, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 10-12 октомври 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот