Конкуренти ѝ се само Роналдо и Меси: Селена Гомез е прва жена со 400 милиони следбеници на Инстаграм

Од главна ѕвезда во телевизиските серии на „Дизни“, па сѐ до најголема поп-сензација која реди хитови на топ-листите и руши рекорди на социјланите мрежи. Американската пејачка, актерка и продуцентка Селена Гомез го собори рекордот на Инстаграм со тоа што стана најследена жена на платформата со 400 милиони следбеници.
Селена ја постигна оваа пресвртница на 17 март, само три месеци откако се врати на Инстаграм. Таа ја надмина Кајли Џенер, која претходно ја држеше титулата со 382 милиони следбеници.
View this post on Instagram
Популарноста на Гомез на Инстаграм не е нова. Таа со години постојано е една од најследените познати личности на платформата. Сепак, нејзиното патување со социјалните мрежи беше тешко.
Во интервјуто за „Vogue“,во 2021 година, пејачката откри дека ја избришала апликацијата за споделување фотографии од нејзиниот телефон во 2019 година, откако таа почнала да влијае на нејзиното ментално здравје.
„Во еден момент Инстаграм стана целиот мој свет и беше навистина опасно“, изјави таа за „InStyle“, во 2022 година.
Во својата последна објава, ѕвездата сподели две селфија без шминка со натпис „Виолетова хемија“, референца на истоимената песна на осмиот студиски албум на Мајли Сајрус, „Endless Summer“. Објавата на Гомез ја промовира идејата за самољубие и удобност во сопствената кожа.
View this post on Instagram
Подемот на Селена до славата на Инстаграм беше импресивен, а нејзиното најново достигнување рекордно беше поздравено од обожавателите и следбениците.
„Таа е инспирација за милиони луѓе, а ова достигнување само го докажува тоа“, изјави еден фан на Твитер.
Таа е најследената жена на Инстаграм, но не и најследената личност. Титулата му припаѓа на фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 562 милиони следбеници, но меѓу најследените личности во светот е и Лео Меси, со 443 милиони следбеници.
За само 24 часа: Селена Гомез доби 2 милиони нови следбеници на Инстаграм
ВИДЕО | „Рацете ми се тресат поради лековите“: Селена Гомез им одговори на загрижените обожаватели
ВИДЕО | Селена Гомез за менталното здравје: Драго ми е што сум жива