Конгресот не ја прифати оставката, Нинова останува на чело на бугарските социјалисти

Корнелија Нинова од БСП / EPA/BORISLAV TROSHEV

Корнелија Нинова останува на чело на БСП, гласаа делегатите на 50-от конгрес на партијата на затворена седница, што се одржа денеска.

Како што пишува БГНЕС, 415 од нив гласале против оставката на Нинова, 20 биле воздржани, а 164 биле за нејзино усвојување.

Таа поднесе оставка по предвремените избори во Бугарија во ноември, со што ја сноси одговорноста што БСП остана четврта политичка сила во новото 47. Народно собрание. Меѓу делегатите на конгресот, пак, имаше петиција да не се прифати оставката на Корнелија Нинова, за да не се потресе БСП и владата на Бугарија. Таа почна со социјалистите од Благоевград, а беше поддржана од 500 делегати пред почетокот на денешниот конгрес.

Видео на денот