Конгресмените се соочуваат со закани пред продолжението на расправата за импичмент за Трамп

Фото: МИА

Американските безбедносни служби во моментов испитуваат голем број закани упатени кон конгресмените пред најавеното продолжение на расправата во Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Американските медиуми, повикувајќи се на анонимен извор од новата администрација, дознаваат дека на конгресмените им пристигнувале закани за убиства и физички напади надвор од Капитол Хил.

Поради заканите и стравувањата дека вооружените демонстранти би можеле да се вратат и да направат нов обид за напад врз зградата на Конгресот, полицијата на Вашингтон и другите структури на федералната безбедност бараат илјадници припадници на Националната гарда да останат распоредени во главниот град на САД.

Сенатот вечерва се подготвува да го продолжи судскиот процес за отповикување на поранешниот претседател Трамп.

Командата на Националната гарда соопшти дека, заклучно со вчера, бројот на ангажирани припадници распоредени во Вашингтон е помал од 20.000. Најавено е дека мнозинството, околу 13.000 од нив, во следните неколку дена ќе бидат вратени дома, а во следните недели, нивниот број ќе се намали до околу 5.000 припадници на Националната гарда кои ќе го чуваат главниот град на САД до средината на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот