Конфликт во Нагорно-Карабах: Ерменија и Азербејџан на разговори во Москва

Фото: EPA-EFE/AZIZ KARIMOV

Министерствата за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан денеска потврдија дека шефовите на нивните дипломатии ќе отпатуваат во Москва на разговори за надминување на актуелниот конфликт во Нагорно-Карабах, соопошти руското Министерство за надворешни работи.

Британските медиуми пренесоа дека рускиот претседател Владимир Путин ги повика двете делегации на преговори за решавање на конфликтот во спорниот регион.

– Баку и Ереван потврдија дека ќе учествуваат во преговорите во Москва. Подготовките се во тек, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Азербејџан на разговорите ќе го претставува министерот за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, а Ерменија нејзиниот шеф на дипломатијата, Зораб Мнацаканјан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот