1.1 C
Скопје

Конфликт во Нагорно-Карабах: Азербејџан и Ерменија се договорија за привремено примирје од хуманитарен карактер

Азeрбејџан и Ерменија се договорија за привремено хуманитарно примирје што ќе стапи на сила на полноќ на 18 октомври, по локално време, јави агенцијата „Анадолија“.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека одлуката за привремено примирје е во согласност со декларацијата на претседателите на земјите членки на Минск групата на ОБСЕ донесена на 1 октомври, со декларацијата на челниците на Минск групата на ОБСЕ донесена на 5 октомври и декларацијата од Москва од 10 октомври.

Ерменија и Азербејџан на преговорите во Москва договорија примирје од хуманитарни причини кое стапи во сила на 10 октомври во 12 часот, а чија цел беше размена на тела и затвореници во Нагорно-Карабах.

Ерменската војска неполни 24 часа од примирјето изведе напад врз градот Генџе во Азербејџан, во кој загинаа десет лица, а 35 беа ранети. Во нападот на ерменските сили врз цивили во Тартар, изведен на 15 октомври, загинаа четири лица, а четири беа ранети.

Прочитајте и...  МЗ: Предност е што кинеската вакцина се чува на температура од 2 до 8 целзиусови степени

Според „Анадолија“, денеска врз Генџе е извршен нов напад во кој загинаа 13 цивили, а повеќе од 50 се ранети.

Поврзани вести

Мина „мазно“ во Сенатот: Ентони Блинкен е нов шеф на американската дипломатија

Слободен печат

СДСМ: Зад бојкотот и саботажата на пописот стои Груевски, Мицкоски е само извршител

Слободен печат

Црна Гора ќе повлече седум амбасадори: Меѓу отповиканите и Тарзан Милошевиќ од Србија

Слободен печат

Двојно повеќе жртви од Втората светска војна: Над 100.000 смртни случаи во Велика Британија од ковид-19

Слободен печат

Hello, Moscow calling: Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден по трансферот на власта во Вашингтон

Слободен печат

Бајден уверен: „Северен тек 2“ е лош договор за Европа

Слободен печат

Остави Коментар