Конференција за туризмот како предизвик на новото време

Конференција за туризам насловена „Извозна стратегија за поголема додадена вредност на туризмот како предизвик на новото време” ќе се одржи денеска по повод Светскиот ден на туризмот.

На конференцијата ќе се обрати министерот за економија Крешник Бектеши.

Конференцијата ќе се одржи во организација на Здружението на угостителство и туризмот при Стопанската комора на Македонија со поддршка на Министерството за економија и Проектот Е4Е@мк Образование за вработување во Северна Македонија.

На конференцијата ќе биде ставен акцент на функционирањето на туризмот и угостителството во Северна Македонија годинава, последиците од Ковид-19, реформи во туризмот како предуслов за одржлив развој и поголема додадена вредност на секторот како извозна стопанска гранкиа, предизвикана од глобалната пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот