Конференција за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина

Како да се привлечат што повеќе луѓе и посетели на Шар Планина со цел таму да се одржуваат семинари, обуки и тренинзи во форма на алтернативен туризам. Ова е целта на дводневната конференција „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам на Шар Планина” која во Тетово ја организира Центарот за странски јазици и подготвителни курсеви и обуки „Флуент.

Целта е да се да се даде поттик за развој на алтернативниот туризам во Шар Планина и да се подигне свеста дека има доволен потенцијал за развојoт на локалниот туризам, порачаа организаторите.

-Ја организираме оваа конференција затоа што сакаме да ја стимулираме и неформален туризамво форма на семинари на отворено, излегување надвор од канцеларии со локални и меѓународни експерти. Мислам дека конференцијата организирана од „Флуент”, е прва од ваков вид и сето тоа во функција не само на развојот на туризмот, туку и во функција на едукација и обука бидејќи на Шар Планина има услови за програми и обуки од едукативен карактер со учесници на локални и меѓународни експертиистакна Берат Азизи, координаторот на оваа конференција.

Прочитајте и...  Сончево време со слаб ветер

Претставниците на туристичките агенции ја истакнаа потребата од унапредување на туризмот преку видот на конференции од овој формат и соработката со клучните туристички актери.

а Шар Планина има многу поубави места од швајцарските Алпи, но ние треба да ги охрабриме не само младите, туку и жителите на областа на планините шо повеќе да го промовираат туризмот и да ја направат Шар Планина привлечно место и за странските туристи, изјави Садик Абдурахими.

Покрај сите активности организирани досега и во блиска иднина, зошто да не организираме нешто едукативно и корисно за сите нас, рече координаторот на конференцијата „Потенцијали за масовен и алтернативен туризам во Шар Планина” , организиран од центарот за странски јазици, подготвителни курсеви и обуки „Флуент”.

Прочитајте и...  Парламентот во Ерменија не ја прекина воената состојба во државата

Инаку, Центарот Флуент” предвидува во блиска иднина да се спроведат обуки, соодветно развојот и неформалното образование на отворено, како семинари во формат за кампување. 

Поврзани вести

Навални: ЕУ да не остане нема ако на било кој кандидат му се забрани учество на руските избори

Слободен печат

Одлука на Советот на Општина Битола: Донација од 40.000 евра за изградба на модуларна болница

Слободен печат

Филипче: „Полициски час“ нема да донесе ништо, есенскиот пик на вирусот е зад нас

Слободен печат

Во Србија на секои 28 минути едно лице ја губи битката со коронавирусот: Нови 7.790 случаи, 57 лица починаа

Слободен печат

И за вакцината за ковид-19 се поделивме, едни со Русите, други со Американците

Хоти: Нема договор со Белград за посетите на српските официјални лица на Косово

Михаило Донев

Остави Коментар

MacedonianAlbanianBulgarian