Конференција: Се уште големи разликите во развиеноста на општините и регионите

фото: МИА

– Изминатите две години се обезбедени 12 милиони евра за поттикнување на рамномерениот регионален развој. Реализацијата е значително висока, над 95 проценти. Минатиот период, од 2008 до 2017 година, за оваа намена биле планирани вкупно 30 милиони евра, а реализацијата изнесувала над 55 отсто, рече денеска заменик – минизтерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Павлески на меѓународната научна конференција „Добри практики за регионален развој во Источниот регион”, истакна дека, сепак, се уште разликите меѓу регионите во однос на развиеноста се големи. Разлики има и внатре, во регионите, како и во општините, урбани и рурални.

– Интенцијата е да се зголемат средствата за рамномерен регионален развој и за наредната година, а центрите за развој на планските региони и општините ќе мора да предлагаат проектите кои се ефикасни и приоритетни за регионите, нагласи заменик-министерот.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна дека соработката меѓу општините и регионите треба да зајакне. само така, според него, ќе се почувствуваат придобивките од рамномерниот развој.

Претседателот на Советот на градоначалници на Источен плански регион, Николчо Илијев рече дека за земјава е многу важен регионалниот развој за да се стопира миграцијата на младите и на населението воопшто. Искуствата од соседните земји говорат дека одлуките за развој на регионите се носат веднаш, не се оставаат за некој друг ден.

Дводневната конференција се одржува во штипскиот Мултимедијален центар „Кири Глигоров”. Се очекува заклучоците што ќе бидат донесени, да послужат во изготвувањето на новата десетгодишна стратегија за рамномерен регионален развој.

Организатор на конференцијата е Центарот за развој на Источен плански регион, со финансиска поддршка на Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот