Конференција „Патот кон единствениот европски пазар”

Во очекување на стартот на преговорите за пристапување кон Европската унија (ЕУ), Фондацијата Претприемачки сервис за млади денеска ќе организира виртуелна конференција на тема „Патот кон единствениот европски пазар”.

Целта на конференцијата, информираат организаторите, е да се покрене свеста за тоа што всушност значи да се биде дел од единствениот европски пазар, како и за влијанието кое пристапувањето го има за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др.

За време на конференцијата, учесниците ќе имаат можност да се запознаат со искуството на некои земји-членки на ЕУ како Финска, Чешка и Германија. Исто така, учесниците ќе може да се информираат за алатките кои Европската комисија ги има на располагање за граѓаните и компаниите за олеснување на правата за непречено вработување, студирање и водење бизнис во рамки на Европската унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот