Конференциска лига: Фиорентина и Вест Хем главни фаворити за трофејот

По Лигата на шампионите и Лигата на Европа беа извлечени и паровите за третото по ранг натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.
Рома е актуелен шампион во ова натпреварување, но сега „волчицата“ е во Лигата на Европа. Единствениот тим од Серија А, по елиминацијата на Лацио од АЗ Алкмар е Фиорентина која во четвртфиналето ќе гостува на Лех Познањ во првиот натпревар.
АЗ Алкмар за противник го доби Андерлехт, Вест Хем кој за многумиан е главен фаворит ќе игра против Гент, додека Базел се среќава со француска Ница.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА
Лех Познањ – Фиорентина
Гент – Вест Хем
АЗ Алкмар – Андерлехт
Базел – Ница
ПОЛУФИНАЛЕ
Лех/Фиорентина – Базел/Ница
Гент/Вест Хем – АЗ Алкмар/Андерлехт
Првите дуели се на 13 април, ревнашите една недела подоцна. Мечот за пехарот ќе се игра во Прага на 7 јуни.