Конференција „Младите во Отворен Балкан – Шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот”

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски, вели дека за четири базени е отпочната тендерската постапка/Фото: Агенција за млади и спорт

Младинска конференција на тема „Младите во Отворен Балкан – Шанси и перспективи за сигурен напредок во регионот” по повод Меѓународниот ден на младите денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Агенцијата за млади и спорт.

На конференцијата најавено е обраќање на директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски, министерот за образование и наука Јатон Шакири, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за млади и спорт на Република Србија, Вања Удовичич, министерот за млади и спорт на Црна Гора, Василије Лалошевич, како и на националниот координатор – Отворен Балкан, Нола Исмајлоска. 

На конференцијата ќе учествуваат и претставници на младински организации од Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија, како и од меѓународни организации, а акцент ќе биде ставен на системот за заедничко управување кој ќе ја зајакне довербата меѓу младите луѓе и институциите и носителите на одлуки.

Од Агенцијата за млади и спорт информираат дека на конференцијата ќе се подготват препораки кои ќе бидат доставени од младите за да бидат интегрирани во процесот на Отворен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот