Конечно заедно: Тања Савиќ во прегратка со синовите

Тања Савиќ со нејзините две деца Ѓорѓе и Максим / Фото: Инстаграм пост @tanjasavic

Српската пејачка Тања Савиќ долго време го привлекува вниманието со својата приватност, особено поради конфликтите кои се случуваа меѓу неа и поранешниот сопруг Душан Јованчевиќ.

Уште од стартот на разводот тие ги полнеа страниците на таблоидите со откривање на детали од приватноста. Во сето тоа најголем проблем беше старателството над нивните две деца. Тања долго време водеше битка да си ги врати синовите, кои сопругот ги имаше однесено во Австралија, на почетокот од пандемијата, а како што таа навести во едно интервју неодамна, тие треба конечно  да дојдат во Србија и да бидат со неа.

Сега Тања на својот инстаграм-профил објави фотографија на која среќна ги прегрнува синовите Максим и Ѓорѓе под која напиша: „Еве сме. Среќни, насмеани, конечно сме заедно! Пристигнуваме  во Белград за точно 26 часа! Ве сакаме сите и ви испраќаме љубов“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TANJA SAVIC (@tanja_savic_private)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот