Конечно стартува СЕХА лигата, Е. Пелистер на стартот против поранешниот европски шампион

фото: Е. Пелистер

Ракометната СЕХА-лига, конечно пред крајот на годината ќе ја започне сезоната 2020/21 во која ќе учествуваат две македонски екипи, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Вардарци ќе ја чекаат новата 2021 година за да дебитираат, додека Е. Пелистер на 21. декември (17.45 ч.) во салата „Боро Чурлевски“ во Битола го пречекува големиот ривал од времето на поранешната југословенска лига, Металопластика.

Официјалниот старт на новата сезона ќе биде на 17. декември со натпреварот помеѓу Војводина и Нексе.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека на 21 декември ќе започне со натпревари во регионалната СЕХА Гаспром лига за сезоната 2021/21. По дефинираните термини на првите два натпревари, Еурофарм Пелистер следниот понеделник, на 21 декември во 17:45 часот, во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе го пречека српскиот претставник Металопластика. Дуелот меѓу македонскиот тим и поранешниот европски првак е почеток на групната фаза и единствен натпревар на клубот кој ќе се одигра до крајот на 2020 година“, соопшти Е. Пелистер.

Вардар е во група со Војводина, Нексе и Мотор, додека Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе игра против Металопластика, Татран Прешов и Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот