КОНЕЧНО СЛОБОДНИ! Нема да верувате какви ограничувања имале Хари и Меган, а сега се ослободени од нив!

Британското кралско семејство има многу правила кои членовите мора да ги почитуваат. Иако некои на прв поглед можеби се застарени, членовите на кралското семејство би требало да ги почитуваат.

Но, за Хари и Меган времето на „робување“ заврши. Помеѓу останaтото и овие 8 правила повеќе нема да мораат да ги почитуваат:

1. Не мораат да се држат до стриктниот дрес кодот

Од членовите на кралското семејство се очекува да се облекуваат скромни и никогаш претерано лежерно. Но, Меган и Хари сега слободно може да носат облека која има се допаѓа, а може да се облечат и неформално за било која прилика. Добредојдени се и во светот на тренерките.

2. Немаат обврска да патуваат со спакувана „црна комбинација“

Членовите на кралското семејство со себе на пат секогаш носат и црна облека во случај на изненадна смрт каде во тој момент ќе мора да присуствуваат на погреб. Ова е прилично добра идеја и многу практична, но сепак војводата и војвотката нема да мора да ја почитуваат.

profimedia

3. Дозолено им е да потпишуваат автограми

Ниеден член од кралското семејство не треба да дава автограми или да прави селфи фотографии со фановите (иако е познато дека некои го прекршија тоа правило). Меѓутоа сега Хари и Меган се слободни да купат и селфи стапче доколку сакаат. И нека се подготват за многу автограми.

4. Не мораат дискретно да стануваат од маса

Ако член на кралското семејство мора на пример да оди до тоалет за време на јадењето, тој тоа не го објавува пред сите на маса. Наместо тоа, само вели „извинете“ и се повлекува. Но сега, Хари и Меган можат слободно јавно да кажат дека одат до тоалет. Иако тоа не би го сториле, бидејќи е непријатно, сепак не мораат да бидат толку пристони и дискретни.

5. Сега можат да ги прегрнат своите фанови

Како и кај автограмите и селфи фотографиите, кралскиот пар не би требало да ги прегрнува и бакнува своите фанови, пред се затоа што станува збор за нивна безбедност, ( иако Меган повремено го кршеше ова правило), а сега можат да се гушкаат и бакнуваат со кого и да посакаат.

6. Финансиски независни

Можеби една од најголемите промени во нивните животи е тоа што принцот Хари и неговата сопруга сега може да бидат финансиски независни. Можат да заработат сопствени приходи, затоа што нема да примаат средства од британските даночни обврзници.

7. Сега и со нивните имиња е „поопуштено“ кога повеќе немаат титули

Парот ќе ја изгуби титулата „Ваше Кралско Височество“. Така сега ќе бидат само Меган и Хари.

profimedia

8. Може да задржат подароци

Иако кралското семејство мора да го прифати секој подарок кој ќе го добие, кралицата Елизабета одлучува која личност и кој подарок ќе го задржи. Но, ова повеќе не важи за Меган и Хари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот