Конечно се враќа и елитниот фудбал

twitter.com/ManCityUS

По 148 дена пауза поради коронавирусот вечерва се враќа и Лигата на шампионите.

Последниот натпревар беше одигран на 11. март и тоа беше средбата која го елиминира актуелниот европски шамион Ливерпул. „Црвените“ на домашен терен успеаја да ја надополнат негативата од првиот натпревар, но потклекнаа во продолженијата и на крајот се елиминирани, а на 11. март ПСЖ рутински ја совлада Борусија Дортмунд.

Тоа беа последните два натпревари од ЛШ кои фановите имаа можност да ги видат пред прекинот поради пандемијата на коронавирусот која дури се закануваше и да ја откаже сезоната.

Сепак, УЕФА пронајде начин да ги заврши двете европски натпреварувања,а завршницата во Лигата на шампионите ќе биде во Лисабон. Но, прво вечерва и утревечер треба да се доиграат четирите реванш осминафинални натпревари.

Јувентус на „Алијанц“ Арената во Торино го пречекува Олимпик Лион и според експертите токму на овој натпревар може да се случи најголемото изненадување по рестартот на ЛШ.

EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Францускиот тим во Торино доаѓа со предност од 1:0, а играта на Јувентус во последните неколку натпревари им задава големи грижи на фановите. Иако „старата дама“ ја освои титулата во Серија А но прикажа неуверлива игра, додека од друга страна Лион одигра само еден официјален натпревар, во финалето на Лига купот каде загубија од ПСЖ дури во пенал рулетот. Но, играа на Лион беше ветувачка, тие беа рамноправен противник на ПСЖ кој е еден од главните фаворити во ЛШ.

Во вториот натпревар Манчестер сити ќе се обиде да ја зачува предноста од 2:1 против новиот шпански шампион, Реал Мадрид во дербито на осминафиналето.

EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

И двете екипи се наоѓаат во одлична форма, Реал Мадрид не загуби на ниту еден натпревар по рестартот на Ла Лига, победи на 10 од вкупно 11 натпревари, а единственото реми го имаше во последното коло кога се беше решено. Но, покрај резултатската предност, шансите на Манчестер сити растат и поради тоа што „кралевите“ во Англија допатуваа без капитенот Серхио Рамос кој е суспендиран на еден натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот