КОНЕЧНО: Се огласи и Саудиска Арабија за нападот на нафтната рафинерија

Амбасадорот на Саудиска Арабија во Лондон рекол дека речиси е сигурно оти Иран стои зад нападот на нафтната рафинерија Сауди Арамко.

– Речиси сигурно е дека нападот е извршен со поддршка на Иран – изјавил принцот Калиф бин Банфер бин Султан Ал Сауд за „Би-Би-Си“.

– Истражуваме што се случило. Работиме со нашите партнери во САД, Обединетите нации, Велика Британија, како и со сите кои сакаат да помогнат да се открие што се случило – истакнал тој.

Засега одговорноста за нападот на нафтната рафинерија во Саудиска Арабија ја преземаа Јеменските бунтовници Хути, кои го поддржуваат Иран, а САД обвинува дека ракетите и дроновите биле лансирани токму од Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот