Конечно, првото летно засилување на Арсенал

EPA-EFE/NEIL HALL

Арсенал конечно е малку активен на трансфер-пазарот, ангажираше талентиран напаѓач, но се поставува прашањето дали навистина Емери ќе смета на него уште од наредната сезона со оглед на конкуренцијата на Обамејанг, Лаказет и Ивоби.

Трансферот на Мартинели според британските медиуми изнесува 6,5 милиони фунти.

Мартинели дебитираше на Итуано уште на 16 години и девет месеци. Стрелец на 10 голови во 34 натпревари за клубот од Сао Пауло.

Талентот дури беше повикан во сениорската репрезентација на Бразил во мај, кога „кариоките” се подготвуваа за настапот на „Копа Америка“.

Воедно и се најде во најдобриот тим на шампионатот „Паулиста”.

Вели дека е многу среќен што ќе го носи дресот на „топчиите“. Благодарен на Господ и неговото семејство. Ќе ја искористи оваа можност и има среќни моменти со фановите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот