КОНЕЧНО: Панчев и Црвена Звезда чекаа 28 години за овој момент! (ВИДЕО)

twitter.com/OldFootball11

Светската клупска титула денеска пристигна на стадионот „Рајко Митиќ“, по одлуката на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска Црвена Звезда, но и останатите екипи кои го освоиле Интерконтиненталниот куп во периодот од 1960 до 2014 година, официјално да ги признае како најдобри на планетата.

Сè до 27 октомври 2017 година освојувачите на Интерконтиненталниот куп, победниците од натпреварите помеѓу шампионот на Европа и Јужна Америка, не беа официјално признани како светски клупски шампиони.

Според денешната најава, навивачите на „црвено-белите“ од 17.00 часот пред клупскиот музеј на три часа пред мечот помеѓу Црвена Звезда и Рад во Суперлигата, ќе имаат можност за првпат да го погледнат овој трофеј.

Досега ниту еден клуб во своите витрини немаше официјален трофеј на светски шампион, туку само спонзорски.

Фудбалерите на Црвена Звезда на светскиот врв дојдоа во 1991 година со победата над чилеанскиот клуб Коло Коло со 3:0 во Токио, со двата гола на Владимир Југовиќ и еден на Дарко Панчев.

Екипата во Токио тогаш ја водеше тренерот Владица Поповиќ, а играа двајцата македонски фудбалери Дарко Панчев и Илија Најдоски, потоа Звонко Милојевиќ, Душко Радиновиќ, Владе Стошиќ, Горан Василијевиќ, Владимир Југовиќ, Миодраг Белодедиќ, Милорад Ратковиќ, Синиша Михајловиќ и Дејан Савичевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот