КОНЕЧНО ПАДНА ДОГОВОР: Де Хеа останува во Јунајтед до 2023 година

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Претходниот договор на Давид де Хеа со Јунајтед истекуваше идното лето, во челниците на „црвените ѓаволи“ беа решени по секоја цена да го продолжат договорот и на крајот успеаја во намерата. Со новиот договор, Де Хеа ќе биде најдоброплатен фудбалер во Манчестер јунајтед со неделна плта од дури 375.000 фунти.

– Привилегија е да се биде дел од овој тим. Сакам да му помогнам на Јунајтед, да ги оствари целите и повторно да освојува трофеи. Тука сум и како еден од поискусните, да им помогнам на младите да сфатат што значи Манчестер јунајтед. Ќе дадам се од себе за да им вратам на навивачите за постојаната поддршка која ми ја пружаат откако сум дел од овој тим – изјави Де Хеа.

Задоволството од постигнатиот договор не го криеше ниту менаџерот Оле Гунар Солскјер.
– Пресреќен сум што Давид уште долго време ќе биде со нас. Тој е еден од најдобрите голмани на светот и е клучен дел од плановите кои ги имаме за да го вратиме Јунајтед на местото кое му припаѓа – рече Солскјер.

Давид де Хеа на „Олд трафорд“ пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид за сума од 25 милиони евра и оттогаш одигра 367 натпревари за Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот