Конечно откриено каде Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ќе го поминат Божиќ: Таму се чувствуваат најубаво

Кејт Мидлтон минатиот Божиќ / Фото: Instagram / Profimedia

По една година обележана со здравствени предизвици, британското кралско семејство планира особено емотивно божиќно дружење. Според последните информации, принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон ќе ги поминат празниците заедно со своите деца на кралскиот имот Сандрингам во Норфолк, каде ќе го прослават најголемиот христијански празник заедно со остатокот од кралското семејство, пред сè со кралот Чарлс и кралицата Камила, пренесува „Дејли мејл“.

Кралската двојка реши божиќните денови да ги подели на две локации. Тие ќе присуствуваат на традиционалната утринска богослужба во црквата Св. Марија Магдалена на имотот Сандрингам, по што ќе го прослават ручекот во поинтимното опкружување во нивниот дом во Анмер Хол, каде што ќе им се придружат членовите на семејството Мидлтон.

Кралот Чарлс веќе ги започна божиќните подготовки во Сандрингем, покажувајќи особен ентузијазам за претстојните празници. Извори блиски до дворот истакнуваат дека престојот во природа му помага за време на лекувањето, а особено се радува на времето што ќе го помине со своите внуци – принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6).

Неодамна странските медиуми пренесоа дека британската принцеза ќе го организира годинашниот божиќен концерт, кој ќе ѝ биде посветен на пораката „дека е потребна меѓусебната поддршка, особено во најтешките моменти од животот“. Божиќниот концерт наречен „Заедно на Божиќ“ („Together At Christmas“) ќе се одржи на 6 декември во Вестминстерската опатија.

Поканите се испратени: Пристигнуваат специјални гости на традиционалниот божиќен концерт на Кејт Мидлтон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот