Конечно откриена причината за нивниот развод

profimedia

Иако веќе со месеци се зборува за тоа, разводот на Бредли Купер и Ирина Шејк изненади многумина, а сега се откриени и вистинските причини.

Како што дознава магазинот „People“, иако Лејди Гага не е директен виновник за нарушувањето на односите меѓу партнерите, Бредли Купер наводно емоционално се дистанцирал од Ирина Шејк додека го снимал филмот „Ѕвездата е родена“.

Снимањето траело прилично долго и било прилично напорно за Купер кој во филмот е главен актер, еден од сценаристите и режисер.

„Се обидуваа да ја спасат врската, но се се промени“ – изјави изворот за „People“.

Холивудскиот актер и манекенката кои заедно ја имаат двегодишната ќерка Леу Де Сејн Шејк Купер се разделија минатата недела по четири години врска, кога всушност Ирина се отсели од нивниот заеднички стан.

profimedia

Руската убавица и актерот од самиот почеток на врската инсистираа интимните детали да ги задржат за себе, па така сега малку нешта од нив се знаат и се излезени во јавност.

„Бидејќи Бредли и Ирина отсекогаш беа затворени кога стануваше збор за нивната врска, многу малку луѓе знаеле и биле свесни дека нешто се случува“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот