Конечно одлучено: Изборите во САД ќе се одржат оваа година, познат и точниот датум

фото Архива

Шефот на кабинетот на Белата куќа Марк Медоуз изјави денеска дека изборите во САД ќе бидат одржани на 3 ноември, како што е и планирано.

Медоуз рекол дека американскиот претседател Доналд Трамп бил загрижен заради гласањето преку пошта кога ја изнел идејата за одложување на изборите.

– Ќе ги одржиме изборите на 3 ноември и претседателот ќе победи, порача Медоуз.

Трамп во четвртокот бараше да се одложат изборите во САД, кои се закажани за 3 ноември, заради можност на измама ако се гласа преку пошта.

На предлогот веднаш се спротиставиле и демократите и републиканците во Конгресот на САД, кои се единствени со овластувања да ги одложат изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот