Конечно можеме да ја следиме ЦИА: Агенцијата отвори инстаграм-профил, еве ја првата мистериозна објава

принтскрин/инстаграм

Американската агенција ЦИА отвори официјален профил на Инстаграм и со својот прв пост веќе привлече внимание.

Се работи за фотографија од една канцеларија со биро на кое има расфрлени предмети. Следачите на ЦИА ова го прифатија како предизвик да ги најдат асоцијациите на предметите.

На фотографијата се гледаат карти од Русија и Кина, хартиена кеса со натпис „Строго доверливо“, слушалки и една перика.

Се гледа и пропусницата на директорката на ЦИА Џина Хаспел, која е издадена уште во 1985 година, како и часовник кој покажува 8.46, времето кога е погоден Светскиот трговки центар.

Се гледа и една тетратка со мотото на ЦИА „Делиме што можеме, штитиме што мораме“, напишана на арапски јазик.

Следачите на ЦИА на Инстаграм пронашле и други симболи и се обидуваат да го утврдат нивното значење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот