Конечно Јужниот океан го доби официјалното признание како петтиот земјин океан

youtube

На луѓето на кои им е познат Јужниот океан – водното опкружување на Антарктикот, знаат дека не личи на кој било друг.

„Секој што бил таму, ќе се бори да објасни што е тоа толку воодушевувачко, но сите ќе се согласат дека глечерите се посини, воздухот е поладен, планините пострашни и пејзажите се позаводливи од било кое друго место во светот“, вели Сет Сикора-Боди, морски биолог во „Националната администрација за океани и атмосфера (НОАА)“ и „National Geographic Explorer“.

„National Geographic“ започнал да прави мапи во 1915 година и од самиот почеток препознава четири океани: Атлантски, Тихи, Индиски и Арктичкиот океан. Со почеток од 8 јуни – Светскиот ден на океаните, Јужниот океан беше признат како петти океан во светот.

„Јужниот океан одамна е признат од научниците, но бидејќи никогаш немаше договор на меѓународно ниво, ние никогаш не го признавме официјално“, вели географот на „Националното географско друштво“ Алекс Таит.

Таит и „Националното географско друштво“ размислувале за промената со години и конечно била потегната за да се подигне свеста кај луѓето за конзервација на океаните.

Јужниот океан е дефиниран според неговата плима и осека. Додека другите океани ги дефинираат континентите кои ги оградуваат, Јужниот океан е дефиниран од морските мени (плима и осека).

Научниците проценуваат дека Антарктичка циркумполарна струја – „ACC“ е создадена пред околу 34 милиони години, кога Антарктикот се одделил од Јужна Америка. Тоа има овозможено непречен проток на вода околу дното на Земјата.

Тој има посебна животна средина. Јужниот океан „опфаќа уникатни и кревки морски екосистеми кои се живеалишта за прекрасен морски живот, како што се китови, пингвини и фоки“, изјави „Националниот географски истражувач“ во резиденцијата Енрик Сала. Тоа е единственото место каде што може да се видат царските пингвини.

Таит вели дека новата политика на „National Geographic“ ќе има влијание врз тоа како децата ги користат мапите во училиште кога го гледаат светот. „Мислам дека едно од најголемите влијанија е преку образованието“, вели тој. „Учениците добиваат информации за океанскиот свет преку океаните што ги учат на училиште. Ако не е вклучен Јужниот океан, тогаш тие нема да ги добијат спецификите за тоа колку е важен“, изјави Таит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот