Конечно „фатена“ од папараците: Меган Фокс и раперот поради кој го остави сопругот и трите деца! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Американската актерка и манекенка Меган Фокс (34) конечно ја потврди врската со раперот и актер Ричард Колсон Бајкер (30), познат како Машин Ган Кели.

Имено 34-годишната ѕвезда во понеделникот беше фотографирана додека со раперот излегувале од „ Furley’s“ барот во Лос Анџелес.

Заљубениот пар прво е сликан како се држат за раце и како влегуваат во автомобилот, каде подоцна страсно се бакнаа и заминаа во непознат правец.

Меган била во опуштено издание и панк комбинација. Носела црни фармерки, црна маичка со натпис и бели патики. Долгата коса ја направила во таласи и имала блага, дневна шминка.

Во раката носела црна кожена јакна, додека на грбот имала огромен црн ранец.

Нивните фотогафии може да ги погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот