Конечно е познат одговорот на оваа вечна дилема: Што е подобро, месото да го измиете со вода или со оцет?

месо
Фото: Профимедиа

Пред да почнат со готвењето, многу луѓе се трудат да измијат суровото месо под млаз вода, но дали такво нешто е навистина потребно?

Вистина е дека месото може да содржи разни бактерии и вируси, а тоа е една од главните причини зошто многумина пред да го зготват, се одлучуваат да го измијат под млаз вода.

Различни истражувања покажале дека миењето месо со обична вода од чешма не е толку делотворно, згора на тоа, со тој метод можете да направите повеќе штета отколку корист.

месо
Фото: Профимедиа

Третирањето на месото на овој начин може да резултира со пренесување на патогените вируси од месото на работната површина, како и на другите намирници во непосредната близина.

Наместо да го измиете месото под млаз вода, како поефикасно решение се покажало користењето лимонска киселина или бел оцет, бидејќи тие се во состојба да го намалат бројот на бактериите, но покрај самото плакнење, потребно е да се обрне внимание и на уште неколку повеќе работи.

Чистотата на работните површини е од клучно значење, а при плакнењето на месото, не заборавајте другите намирници да ги тргнете од работната површина во близина на мијалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот