Конечно добри вести од Италија: Има повеќе респиратори отколку пациенти на Интензивна нега

Во Италија околу 2.500 пациенти се наоѓаат на интензивна нега поради инфекцијата со коронавирусот.

Италијанскиот специјален комесар за вонредни состојби вели дека за прв пат од почетокот на пандемијата има повеќе респиратори отколку пациенти на одделенијата за интензивна нега.

-Тоа ни дава сила да одиме напред, вели италијанскиот специјален комесар за вонредни состојби, Доменико Аркаури.

Аркаури рече дека пред тоа требало да одлучуваат кој да  добие респиратор за да може да се спаси нечиј живот, бидејќи немало доволно за секој на кому му било потребно.

-Тоа ќе го помнам цел живот и не сакам никој да ја доживее оваа дилема- рече тој.

Веќе неколку дена бројот на пациенти, во Италија, кои се наоѓаат на интензивна нега се намалува.

Во Европа, најголема смртност од коронавирусот има во Италија – повеќе од 24.000 лица. Во Италија, во првите недели од пандемијата, болниците потклекнаа под притисок на болните, особено на северот, каде имаше најголем број заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот