Конечно блесна триото „Меси-Суарез-Гризман“! (ВИДЕО)

twitter.com/brfootball

Денеска во рамките од деветтото коло во најсилната шпанска фудбалска лига составот на Барселона славеше со 0:3 против Еибар.

Конечно проработе триото Меси-Суарез-Гризман, гол-серијата ја започна францускиот репрезентативец во 13 минута, па му асистираше на Аргентинецо во 68 минута, а уругвајскиот фудбалер го постави конечниот епилог во 66 минута.

Воедно со тој погодок Суарез се израмни со легендарниот Жозеп Самитиер со вкупно 184 голови за Барса и сега е на четвртата позиција на вечната листа најдобри стрелци.

Барса сега е на врвот на табелата во шампионатот со 19 бодови, бод и меч повеќе од „кралевите“ кои гостуваат од 21.00 часот кај Мајорка на нашиот Трајковски.

Во наредното коло Еибар ќе ги одмери силите против Ваљадолид, додека Барселона требаше да го игра традицоналното „Ел Класико“ со Реал Мадрид.

Поради политичките немири во Каталонија тој меч ќе добие нов датум кој би требало да биде познат в понеделник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот