Конечни резултати: Анджеј Дуда обезбеди уште еден мандат како претседател на Полска

Полскиот претседател Анджеј Дуда
Претседателот на Полска, Анджеј Дуда/ Фото Архива на Слободен Печат

Актуелниот претседател Анджеј Дуда обезбеди уште пет години на функцијата, откако доби поддршка од 51 отсто од гласачките ливчиња во вториот круг од претседателските избори во викендот, соопшти државната изборна комисија. Тоа се официјални конечни резултати.

Конкурентот, либерален градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски, доби 49 проценти од гласовите.

Двајцата кандидати обезбедија повеќе од 10 милиони гласови, што е прв таков резултат во историјата на демократска Полска. Одзивот на гласачите достигна 68,2 отсто, што е највисоко за изминатите 25 години.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот