Конечна потврда за избори на 12 април пред Нова Година

Фото: Слободен печат

Нема сигнали дали ќе има измени во изборниот датум 12 април за кој партиските лидери се договорија, вели собранискиот спикер Талат Џафери.

-Се ќе биде појасно некаде по 25 декември, кога во јавноста се очекува да биде објавено името на  техничкиот премиер, и на другите министри кои ги предвидува Пржинската влада. Според спикерот, доколку работите течат според договореното на втори или трети јануари ќе ја закаже седницата за избор на нова влада. Тогаш е 100 дена пред избори, рече Џафери.

Џафери вели дека најновите информации од Шпанија се дека протоколот за членлство во НАТО ќе биде ратификувана од нивниот парламент до средината на јануари. Македонското Собрание дотогаш ќе може да го ратификува пред распуштањето на парламентот.

– Ако не се исполнат очекувањата Шпанија да го ратификува договорот до јануари, технички не е спорно Протоколот за НАТО да го ратификува новиот состав- рече Џафери.

Спикерот  и понатаму стои на изјавата дека доколку Собранието се распушти тоа повторно не треба  да биде свикано, бидејќи според Уставот, распуштен парламент се свикува само во вонредни ситуации и тоа од безбедносни причини или кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот