КОНЕЧНА ОДЛУКА: Трамп мора да поднесе даночни пријави за последните осум години

Фото: ЕПА

Сметководителите на Доналд Трамп мора да ги поднесат даночните пријави од последните осум години до обвинителите во Њујорк, одлучи денеска Апелациониот суд, нанесувајќи нов удар на напорите на Трамп со цел да ги прикрие своите финансии.

Пресудата им овозможува на обвинителите да издадат обврзувачки наредба на компанијата „Marazr LLP“ да ги предаде документите.

Трамп се соочува со уште една истрага

Претседателот на САД може да ја обжали одлуката до Врховниот суд, каде доминираат конзеративци, а од нив двајца судии ги именувал лично Трамп.

Обвинителот на Њујорк, демократот Сајрус Ванс, ги побарал личните и деловните даночни пријави на претседателот Трамп од 2011 до 2018 година, во склоп на истрагата за приватниот бизнис на претседателот и неговото семејство.

Трамп, кој изгради цела империја на недвижнини преку неговата компанија во Њујорк, пред да влезе во Белата куќа, се соочува и со истрага за евентуално отповикување во Претставничкиот дом на Конгресот, кој е под контрола на демократите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот