Концертна промоција на новиот албум на „Конкверинг лајон“ во МКЦ

Тетовскиот даб, реге и кросовер бенд „Конкверинг лајон“ на 22 ноември, во 21 часот, во Младинскиот културен центар концертно ќе го промовира својот петти студиски албум „Револушн тајм“. Албумот беше објавен на 30 март под етикетата на британскиот издавач „Rehegoo Music Group“.

Групата постои од 2007 година и досега има настапувано во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Словачка, Чешка, Холандија, Полска и Косово. Концертот може да се проследи онлајн преку фејсбук-профилот на Младински културен центар.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 57, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 ноември 2020)

Прочитајте и...  МОТ 2020: Театарско „...ќе има и утре!“

Поврзани вести

МОТ 2020: Театарско „…ќе има и утре!“

Тони Димков

Изложба во МКЦ: „Архиметрии“ на Андријана Тилиќ

Тони Димков

Фотоизложба: „Џезтетика“ во Домот на младите во Белград

Тони Димков

Самостојна изложба: „Треперење“ во „Галерија Рудиќ“

Тони Димков

Ретроспективна изложба: Дела од Сергеј Андреевски и Никола Иванов Балтон се изложени во САД

Тони Димков

Интервју со Симон Трпчески, виртуоз на пијаното: Секој инструменталист се труди да „пее“ преку својот инструмент

Тони Димков

Остави Коментар