Концертите како современ начин на заштита на културното нематеријално наследство

Концертот на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка” од Тетово што се одржи вчера е наша главна активност во насока на заштитата на недвижното, движното и нематеријалното културно наследство, порачаа од Здружението.

Во рамки на проектот Експериментално-едукативна работилница за фолклор” здружението спроведе и низа активности во чиј фокус беа фолклорните компоненти, а концертот завршна програмска активност.

-Задача на овој проект беше членовите на фолклорната секција на Здружението, покрај основните чекори и кореографија, да научат и нешто повеќе за фолклорот, за значењето на поимот фолклор, за карактеристиките на македонскиот и српскиот фолклор, за потеклото и значењето на ората кои ги играат. Во тој дел предавања одржа Ненад Вукојичиќ, етномузиколог и член на оркестарот на Здружението. Снежана Ефковска, кореограф на фолклорната секција на Здружението го водешеа делот на работилницата на кој се изработуваа делови на народните носии: машни, венчиња, шарени торбички, појаси и слично. Тука Здружението оствари соработка со Основното училиште „Вук Караџиќ” од Дољевац, Република Србија и се вклучи во нивниот проект „Плетемо торбицу за Добрицу” (во чест на поетот Добрица Ериќ), и изработените шарени торбички се испратени во училиштето во Дољевац на продажна акција- истакна претседателката на Здружението, Соња Андонов.

Покрај оркестарот и фолклорната секција на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка” од Тетово вчерашниот концерт го збогатија и гости од Србија. Настапија членовите на пеачката група на Здружението на Македонци „Јабука” од Јабука, како и изведбата монолози и песни од делото „Коштана” на актерот Драган Станковиќ од Народниот театар „Бора Станковиќ” од Врање и Тијана Вучковиќ, вокален солист од истиот град.

Фолклорната секција на КУД Бранко Чајка настапи со „Билјана платно белеше” и „Тресеница” , а оркестарот и вокалниот солист Драгиша Аврамовски, со песните за тетовските убавици-Трпана, Епса Димушева, Ѓорушица, Благуња Пожаранка, Аџи Зора и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот