„Концерт во изолација“ на Дино Имери во Музејот на македонската борба

Реномираниот македонски пијанист Дино Имери, на иницијатива на Даниела Николова и Музејот на македонската борба, ќе настапи на „Концерт во изолација“ (без присутна публика). На концертот ќе бидат изведени дела од Бетовен, Рахмањинов, Брамс и Дебиси, ќе се одржи на 9 мај, во 18 часот, и ќе биде пренесуван во живо преку фејсбук-страницата на музејот.

– На програмата се дела што ми се многу блиски на срце, музика што ни е потребна на сите нас во овие денови. Премиерна изведба ќе доживее аранжманот за пијано на Дијана Имери Илкоска од првиот став на Брамсовата втора симфонија, но и неколку други музички изненадувања. И не заборавајте, уметноста е имуна на сите болести, уметноста е вечна. Останете дома и уживајте во оваа музичка приказна! – најави Дино Имери.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 30, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 9-10 мај 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот