Концерт со јодлање е причина за „експлозија“ на ковид-19 во Швајцарија

Фото: EPA/URS FLUEELER

Традиционален концерт со јодлање е причината за масовен пораст на бројот на новозаразени со коронавирус во Швајцарија.

На настанот што се одржа кон крајот на минатиот месец во кантонот Швиц, присуствуваа околу 600 луѓе од кои било побарано да се држат на растојание, но без задолжително носење на заштитни маски.

– Девет дена по концертот, дознавме дека неколку лица се заразени, изјави организаторот Бит Хегнер за швајцарскиот јавен сервис РТС.

Во средата беше утврдено дека 94 лица кои биле на концертот биле позитивни на вирусот. Кантонот Швиц е едно од жариштата на ковид-19 со повеќе од 1.230 заразени.

Јодлањето е дел од швајцарската традиција, кој е вообичаен дел од идентитетот на културно различните региони на Швајцарија уште од 19 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот