Kонцерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“

Овој четврток, во 20 часот ќе се одржи третиот концерт од серијалот „Филхармонија за Филхармонија“ на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија во различни камерни формации.

На програмата се дела од Бетовен, Моцарт, Гајдош, Лотер, Глиер, Стравински, Хофмајстер и Менделсон.

Во рамки на концертот ќе настапат Квартет „Филхармонија“ (Ана Кондратенко – виолина Бојан Илкоски – виолина, Бојан Талевски – виолаМарија Михајловска – виолончело), Квартет со англиски рог (Маја Чанаќевиќ – англиски рог, Ана Кондратенко – виолина Бојан Талевски – виола, Марија Михајловска – виолончело), Квартетот контрабаси (Александар Поп Христов, Александра Чуруковска, Игор Миташев, Анастас Пујовски), Дуо виола-виолончело (Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело), Дрвен дувачки квинтет (Здравко Ангелов – кларинет, Владимир Лазаревски – обоа Елена Дојчинова – флејта, Ванчо Стојановски – фагот,Горан Јанев – хорна) и Гудачки квартет (Ева Богоевска – виолина, Марија Трајковска – виолина, Илза Бафтиари – виола Маја Михајловска – виолончело).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот