Концерт на „Охридско лето” по повод 85 години од раѓањето на композиторот Зографски

Со концерт посветен на јубилејот – 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски,  фестивалот „Охридско лето” вечер ќе го заокружи музичкиот дел од годинашната Програма.

На авторската вечер во црквата „Св. Софија” со почеток во 21:00 часот посветена на творештвото на Томислав Зогравфски, ќе настапат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија Вршкова и Даница Стојанова, Марјан Милошевски на фагот, Ристо Ѓоревски на кларинет, флејтистката Билјана Камчева и Гудачкиот квартет „Зографски”.

Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Тој претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичка уметност каде бил декан и продекан.

Прочитајте и...  Регистрирани 262.929 новозаболени од Ковид-19 во светот за еден ден

Неговите дела се изведувани во САД, Русија, Јужна Америка, Мексико, Австралија, Нов Зеланд, Шведска, Грција, Шпанија, Франција, Литванија, Грузија, Украина, Велика Британија, Италија и во сите центри на поранешна Југославија.

Добитник е на две награди за животно дело, како и на голем број значајни награди за композиции и за филмска музика. Неговите дела се издадени на носачи на звук, а музикологот Марко Коловски е автор на монографија посветена на ликот и делото на Томислав Зографски. Дел од неговото творештво се наоѓа во библиотеките на престижни музички образовни институции во Полска, Германија, Казахтан, Русија, Швајцарија, Србија и во Кина.

Ова 59-то фестивалско издание ќе биде затворено со содржина од драмската програма. Станува збор за изведбата на театарската претстава „Одисеј” на Горан Стефановски во режија на селекторот на драмската програма, Александар Поповски. Претставата е копродукција на повеќе познати театарски куќи од просторите на поранешна Југославија, а ќе биде изведена на сцената на Античкиот театар.

Прочитајте и...  Велес нема нови случаи на коронавирус, активни се 22 лица

Прочитај повеќе

Три смртни случаи, 74 новозаболени од Ковид-19 и 90 оздравени пациенти

Слободен печат

Британската Влада ќе субвенционира посети на ресторани

Слободен печат

Дваесет и шести ден од антивладините протести во Бугарија

Слободен печат

Струјата ги запали социјалните мрежи

Весна Дамчевска

Уништени канделабри во скопски Аеродром (ФОТО)

Слободен печат

Уште тројца млади на возраст од 19 и 22 години заболени од Ковид-19 во Кавадарци

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Евакуирани жителите од околината на Мадрид поради пожар

Слободен печат

Мал авион падна врз зграда во село во близина на грчкиот град Серес

Миа Агенција

ВО ЖИВО: Протест во Белград, демонстрантите фрлаа со јајца и домати врз српскиот Парламент

Слободен печат

Заборавете на доларот, купувајте злато: Цената на скапоцениот метал ќе руши рекорди до крајот на годината

Слободен печат

Џафери ја напушта Инфективна, ќе ја води конститутивната седница

Слободен печат

МЗ: Вирусот најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита од сите е клучно за нивна заштита

Слободен печат