Концептот на техничка влада е повеќе проблематичен отколку што е од полза, смета Заев

Концептот на техничка влада е повеќе од проблематичен за граѓаните и државата, отколку што е од полза, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес – конференција.

-Техничката влада после две проби или две испитувања во 2016 и 2020 година навистина покажува дека повеќе е проблем за државата и граѓаните, отколку што е предност. Самата смисла на нејзиното постоење како што многу често нагласувам е за да спроведе избори и таа се составува заради изборите, но за жал кај нас се случи кризата со коронавирусот и видовме како еден министер за внатрешни работи знае да направи еден голем проблем со своите изјави, со своите постапки, со своето политиканство, управуван од центар на опозициската партија, само да се искористи тоа за гласови и избори и за ништо друго, рече Заев.

Политичка влада, како што посочи, значи одговорна влада и таа носи одлуки и одговорности од самите одлуки.

-Верувам дека во иднина, секако доколку постои согласност од сите, ќе го укинеме тој концепт на техничка влада пред изборите и ќе се најдат други алатки како тоа опозијата ќе биде сигурна да може да се спроведат фер и демократки избори, а тие да се чувствуваат доволно комотни или конфорни за да можат да  гарантираат во нивните очи дека ќе имаме фер борба и фер натпревар за секој за да има шанса доколку е добар и доколку граѓаните му веруваат да победи на изборите, посочи лидерот на СДСН, Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот