Концерт „Со љубов за Тоше“ во неговото сакано Крушево

Тоше Проески
Тоше Проески во Хвар, Хрватска / 1 август 2007 / Фото: STRINGER / AFP / Profimedia

Во организација на министерството за култура и спомен-куќата на Тоше Проески, утре ќе се одржи концерт со наслов „Со љубов за Тоше“ по повод 15-годишнината од последниот незаборавен концерт на нашиот непрежален Тоше. Оваа година, Крушево ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите најголеми хитови.

Со почеток од 19 часот, утре ќе блесне „ѕвезденото небо“ во чест на Тоше на платото пред неговата спомен-куќа во Крушево. Публиката ќе има прилика да ужива во изведбите на Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов. Тие ќе настапат во придружба на Камерен оркестар на Битола, под водство на Владимир Димовски и на бендот на Тоше.

„Ги повикуваме сите фанови од Балканот, со своето присуство и со своите мобилни телефони да го збогатат ‘ѕвезденото небо’ за Тоше и да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен ‘Со љубов за Тоше’. Неговата љубов за сите нас сѐ уште трае и постои во секој негов стих и нотa“, велат од спомен-куќата на Тоше Проески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот