Коњаниците од Скопје почнаа со подготовки за Илинденскиот марш

Дваесет коњаници од Скопје интензивно се подготвуваат за традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41-ви пат.

Коњаниците, како што соопшти Општина Аеродром, имаат интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар.

Годинава меѓу коњаниците има и три жени. Тие беа избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш.

Коњичкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево, каде коњаниците ќе се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978″, а Општина Аеродром и Град Скопје и оваа година финансиски ќе го поддржат овој традиционален настан.

На коњаниците од Скопје ќе им се придружи и група коњаници од Маврово и заедно ќе влезат во Крушево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот