Кон со прогноза за Србија: Деновиве ќе имаме преку 2.000 нови случаи на ден и двоцифрен број на починати

Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Епидемиологот и член на кризниот штаб на Србија, Предраг Кон утрово изјави дека се очекува бројот на заразени со коронавирусот да продолжи да расте во наредните десет дена и може да достигне над 2.000 случаи на ден, но и дека бројот на смртни случаи да стане двоцифрен.

Тој како гостин на ТВ Пинк рече дека само во Белград има 980 случаи и дека тоа е зголемување од ден на ден.

– Нема пауза ниту еден ден. Тоа е класично експоненцијално зголемување и јасно покажува што ќе се случи во текот на оваа недела и дел од наредната, рече Кон.

Тој изјави дека засега нема драматично зголемување на бројот на смртни случаи, но дека врз основа на регистрираните нови случаи во еден ден, може да се очекува дека оваа бројка многу брзо ќе стане двоцифрена.

Кон предупреди дека полнењето на болниците, што се очекува, ќе доведе до критична состојба и додаде дека засега се примаат само пациенти со тешка и средно тешка клиничка слика. Тој објасни дека од вкупниот број на заразени на дневна основа, околу 15 проценти имаат потешка клиничка слика, а на околу пет проценти од нив им е потребна интензивна нега и респиратор.

– Пополнувањето на капацитетите ќе се одвива забрзано во текот на неделата,и проблемот ќе се влошува, рече Кон и нагласи дека побарал официјална забрана за контакти бидејќи, како што рече, мерките во форма на препораки не се почитуваат доволно.

– Овој проблем се решава со строго спроведување на мерките, но засега административно-бирократскиот дел во однос на самите мерки, како и надзорот над спроведувањето на домашна изолација, доцни малку, и тоа треба да се поправи, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот