Кон: Длабоко ме погоди молбата на Синодот на СПЦ која целосно ги негира нашите напори да се спаси живот

Предраг Кон /Фото: МИА

д-р Предраг Кон изјави дека бил на разговор кај Вучиќ и Брнабиќ и ќе продолжи да ја врши работата во кризниот штаб.

„Јас на својот Фејбук профил напишав една порака поради која бев изложен на критики, кои не беа само критики за мене, туку и за вкупната моја работа и на стручниот тим. Напишав дека навистина треба да ја преземе некој кој може тоа да го прави. Зошто тоа ниво на безбобразност го надмина она што би можело да се прифати. Тоа е едната страна на таа приказна. Го напишав тоа на Фејсбук кој не е за јавноста. Покрај тоа ме погоди и молбата на СПЦ за која уште ќе зборуваме затоа што целосно го негира се она што е досегашен обид да се спаси живот. Сфаќајќи дека во јавноста има неразбирање на тие мерки, јас сфатив дека треба да се тргнам“; рече д-р Предраг Кон и додаде дека бил на разговор кај српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ.

Како што истакна, „свесен е дека има професионална обврска да продолжи со работата во кризниот штаб и чувствува должност тоа да го објасни“.

– Нападите на Кризниот штаб постојат веќе одредено време, некогаш и мене тоа ми беше симпатично. Меѓутоа, со случувањата во Геронтолошкиот центар во Ниш станаа неприфатливи. Како да се здружиле во борбата со коронавирусот против нас кои се боруме против коронавирусот. Тоа за мене е неприфатливо. Но, всушност знаете што, повеќе на тоа нема да се навраќам воопшто. Тоа се луѓе кои имаат време да ги напаѓаат сите оние кои сериозно работат. Бранењето од тоа е пораз. Тоа мора да се игнорира – истакна Кон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот