Комуналните служби извршија дезинфекција на улиците во Карпош 4 (ФОТО)

Општина Карпош/ Фото: Фејсбук

Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги миеја и дезинфицираа улиците во населбите Карпош 4 и Владо Тасевски (Млечен).

Полицискиот час, како што соопштија од Општината, се користи и да се исчистат улиците и паркинзите, кои во нормални услови се пофреквентни и чистењето се одвива побавно.

Утринава се уредувале и тревните површини во Влае, во близина на фудбалското игралиште.

Градоначалникот Стефан Богоев, со претставници од Општинскиот кризен штаб биле во обиколка низ Карпош. Заеднички заклучок, наведуваат од Општината, е дека карпошани го почитуваат полицискиот час и се придржуваат до мерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот