„Комунална хигиена”: Споменикот на Гоце го исчистивме ние, а не Бугарите

Фото: Википедија

Скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена” ја известува јавноста дека се невистинити објавите на „извесни провокатори” чии фотографии осамнаа на интернет со тврдење дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

„Споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други споменици низ градот, се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет. Само на Споменикот на Гоце Делчев Јавното претпријатие „Комунална Хигиена” во изминатиот месец дури трипати има преземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси“, велат од ЈП „Комунална хигиена”.

Оттаму го осудуваат чинот на ставање знаме на странска држава на спомен-обележјето.

„Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие, презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да преземат соодветни мерки“, велат од Јавното претпријатие.

Тие апелираат и повикуваат на свесност кај граѓаните – да не се вандализираат и оштетуваат спомен-обележјата и јавните површини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот