„Комунална хигиена”-Скопје со апел за навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на отпадот

Јавното претпријатие „Комунална хигиена” – Скопје апелира до корисниците преку редовно и навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад да придонесат за ефикасно одржување на хигиената и чистотата на градот Скопје.

– Во текот на изминатите два месеца, „Комунална хигиена” – Скопје спроведе низа вонредни мерки и активности со цел максимално да се заштити колективното здравје и да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, соопштија од претпријатието.

Додаваат дека седум пати во неделата, во три смени, екипите го собираат и го транспортираат комуналниот отпад и на највисокото ниво ја одржуваат хигиената на шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје. Минатиот месец, тие за само седум дена отстраниле над 500 метри кубни несовесно исфрлен отпад, директно придонесувајќи за заштита и одржување на здравата и чиста животна околина.

– Би сакале да ги потсетиме жителите на градот Скопје дека платите на овие вредни работници се обезбедуваат исклучиво преку плаќањето на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад и само преку редовно и навремено плаќање на сметките од  ЈП „Комунална хигиена”- Скопје можеме да им обезбедиме достоинствен живот на тие луѓе, изјави директорот на претпријатието Абдусамед Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот